Последните зборови на болничар што почина од корона: Не можам да дишам, те сакам
KIOUS KELLY (48) бил болничар во Њујоршката западна болница Маунт Синај, каде што работел со пациенти со коронавирус. Тој скривал од семејството дека самиот се разболел, а неговата сестра открила дури откако бил сместен на респиратор.
Таа откри за BuzzFeed News дека тој и рекол на 18 март дека е на респиратор, но се чувствува добро. Нивните родители знаеле дека тој е позитивен за „Ковид-19“, но тој негираше колку сето тоа е сериозно.
„Тој секогаш нè заштитуваше. Не сакаше да се грижиме“, рече неговата сестра, Марија Патрис Шерон. Таа понатаму откри кои биле последните зборови што ги слушнала од нејзиниот брат пред неговата смрт: „Се обидов да му поставам уште неколку прашања, но тој рече дека не може да зборува.„ Ќе се угушам ако пробам да зборувам. Не можам да дишам, те сакам, ќе се слушнеме- ми рече. Тој тогаш едвај прозборе бидејќи беше уморен и сакаше да спие “.
Шест дена подоцна, болницата ги известила дека починал. По неговата смрт, Марија решила да зборува за условите во кои лекарите и болничарите работат во постојан контакт со пациенти со коронавирус.
Поради недостаток на опрема, тие беа принудени да се справат на најразлични начини, а објавена е и фотографија на која се гледа персоналот во болницата каде тој работеше со заштита напрвена од вреќи за ѓубре.
Марија верува дека нејзниот брат можеби би ја избегнал заразата доколку ја имал соодветната опрема, јави BuzzFeed News.
"Мислам дека мојот брат би сакал да ги спаси сите во неговиот оддел, сите во болницата и сите други во оваа ситуација. Тоа мора да се направи. Можам да останам дома и да се справам со тагата подоцна, но сега мора да спасиме животи", рече таа.
Американските лекари и медицински сестри честопати се пријавуваат дека се меѓу првите жртви на коронавирус. Во Њујорк, кој моментно е во фокусот на инфекцијата, заразени се над 67.000 луѓе, а 1342 починале.