Посветен на афричките носорози: Фамозниот часовник SORAI
Познатиот швајцарски бренд Hublot, ја обнови врската со заштитата на нашето природно опкружување со лансирање на својот нов часовник, кој ќе биде претставен во партнерство со Кевин Петерсен и неговата организација Save Our Rhinos Africa India (SORAI). Се проценува дека во текот на изминатите десет години, две третини од населението на носорозите од Националниот парк Кругер во Јужна Африка е убиено од ловокрадци, а само околу 500 црни носорози се уште живи.
Долгорочните напори успеаја да го спречат порастот на убиството на невини животни до минатата година, но затворањето на границите за да се спречи ширењето на Ковид-19 доведе до огромен пад на странски посети, што пак доведе до помалку ренџери и им дозволи на ловокрадците да слободно шетаат, загрозувајќи го постоењето на сите животни.
Намалениот број туристи ги намали и приходите на земјата, што доведе до намалување на буџетите на еколошките организации, кои мораат да се потпрат на приватни донации и глобална свест за да истрајат во својата мисија, а Хаблот сака да им помогне со лансирање на часовникот SORAI. Партнерството со Кевин Петерсен и организацијата СОРАИ веќе создаде еден модел, додека вториот ја воспоставува нивната заедничка цел за заштита на загрозените видови носорог.
Најновото издание всушност ќе биде ново издание на класичниот Big Bang Unico модел, со повеќе повторувања. Најновиот модел на ограничено издание, Big Bang Unico SORAI, беше инспириран од природните бои на Јужна Африка во текот на летото, па доби керамичко куќиште во зелена боја, со зелен, маскирен појас. Со иконскиот механизам Unico, часовникот SORAI доби кристал од сафир со логото на SORAI и апликација за носорог во положбата од 9 часот.
Ќе бидат претставени само такви часовници, а значителен дел од профитот од продажбата ќе биде дониран директно во организацијата „Care for Wild“. Поддржано од SORAI, Care For Wild е најголемото скривалиште на носорог во светот и е посветено на нивно спасување, рехабилитација и нега. Конечно, можеме да кажеме дека овој часовник чини 28.055 долари.