Потсетува на авион и летa како него: Американците имаат ас во ракавот, најголемиот на светот (ВИДЕО)

Чудо со тежина од 25 тони

Американската start-apкомпанија „Аевум“ го претстави најголемиот дрон во светот, висок 5,4 метри, со распон на крилјата од 18,2 метри, должина од 24,3 метри и тежина од 25 тони.

Ова беспилотно летало е наменето за носење ракети, кои ги лансира во лет. Овие ракети потоа носат мали сателити, со тежина до 100 килограми, во орбитата на Земјата, пишува „Хил“.

Вселенското летало „Рав Х“ е првото на кое не му треба лансирна рампа за лансирање ракети во орбитата. Се предвидува дека ќе може да испраќа сателит во вселената на секои три часа.

Дронот наликува на авион и лета како него, така што ќе ги намали трошоците за лансирање сателити, бидејќи користи обични аеродроми, за кои не е потребна скапа инфраструктура.



Фото и Видео: Youtubе

Можеби ќе ве интересира:

Непријател што би се судрил со руската армија утре, мора да смета на огромен број дронови- убијци