Поубава од Моника Белучи! Важеше за најубава жена на светот, а сега има 83 години: Се сеќавате ли на оваа дама?
Познатата италијанска актерка Клаудија Кардинале важи за една од најубавите жени во историјата, и е голем поддржувач на природниот изглед, па затоа не се обидува да го „запре“ времето со пластична хирургија.
Клаудија Кардинале, родена како Клод Хозефин Розе Кардинале (15 април 1938 година) е италијанска филмска глумица, која се појавила во некои од најценетите европски филмови од 1960-тите и 1970-тите.
Кардинале дебитирала на филмот со мала улога во филмот Гоха (1958), а набрзо станала една од најпознатите глумици во Италија, играјќи во повеќе филмови, како: Роко и неговите браќа (1960), Девојка со куфер (1961), Картуш (1962), Леопард (1963) и филмот на Фелини 8½ (1963). [б 1] Од 1963 година, Кардинале станала позната во Соединетите Држави и Велика Британија по улогата во „Пинк Пантерот“ заедно со Дејвид Нивен.
Во рок од неколку години, таа се појавила во холивудски филмови како Блиндфолд (1965), Изгубена команда (1966), Професионалци (1966), Пеколот со хероите (1968) и епскиот Вестерн филм Беше еднаш на западот на Серџо Леоне (1968 година), во која била пофалена за улогата на поранешната проститутка.