ПОВЕЌЕ НЕ СЕ КРИЈАТ: Шакира и Луис Хамилтон заедно на егзотичен одмор
Познатиот џет-сет пар сака да ја искористи паузата во Формула 1 за заеднички одмор
Она што се шпекулираше со недели конечно е потврдено. Колумбиската пејачка Шакира и ѕвездата на Формула 1, Луис Хамилтон се во емотивна врска.
Оваа информација ја потврди член на семејството на Шакира, а ја пренесоа најголемите светски трач-магазини. Љубовната врска започна на Шпанското ГП, а продолжи во Мајами, каде Шакира дојде само да го види британскиот возач.
Иако врската е во рана фаза, Шакира и Луис планираат да одат заедно на одмор.
- Знам дека Шакира и Луис наскоро ќе одат на одмор, а знам и каде ќе одат. Станува збор за карипски остров на околу еден час лет од Флорида – рекол извор близок на колумбиската пејачка.
Според новинарот Џорди Мартин, близок соработник на Шакира, Колумбијката е многу среќна и задоволна од сегашниот живот.
Да потсетиме, Шакира неодамна стави крај на долгогодишната врска со поранешниот шпански репрезентативец и член на Барселона Жерар Пике, со кој има две деца. Тоа раскинување, предизвикано од измамата на Пајк, тешко ѝ падна на Колумбијката, која со месеци се опоравуваше од шокот. Сега конечно го преболи славниот фудбалер и сврте нов лист во љубовниот живот. Од друга страна, седумкратниот шампион во Формула 1 веќе имаше бурна љубовна врска со познатата пејачка Никол Шерцингер, со која раскина пред многу години за целосно да ѝ се посвети на кариерата. Како што неговата кариера се приближува кон крајот, можеби дојде време и Луис да се смири.
Фото: Youtube - screenshoot