Повикот на природата и парфемот на храбрите: BVLGARI Man Wood Essence

Филозофијата на овој мирис се заснова на балансот помеѓу урбаниот живот и модерниот човек и повикот на природата. Композицијата Man Wood Essence комбинира дрвенести ноти - кора од дрво и смола  - со зачинети акорди. 

Италијанскиот цитрус заедно со листовите од коријандер даваат свеж, зелен карактер на интензивниот дрвенест состав кој вклучува акорди на чемпрес, ветивер и кедар на база на бензоин.

Се смета за парфем кој ги краси храбрите, но и оние кои знаат што сакаат, без да се двоумат.