Повредата на лактот не успеа да му ја убие кариерата: Еднаш се раѓа човек како Ноле

Светскиот број 1 тенисер и српски АС, Новак Ѓоковиќ, успева низ годините да си го задржи врвот на тенискиот свет само за себе..

Ноле е шампион кој ќе биде запаметен засекогаш, бидејќи овој човек направи рекорди и успеси кој надалеку се знаат и зборуваат. Од 2003 година, тој успеа да подреди повеќе успеси и победи, па и да ги засени едни од најголемите тениски ѕвезди на светот, како што се Рафаел Надал и Роџер Федерер.

Иако, за Ноле веројатно веќе знаете се, одлучивме да ви откриеме неколку факти за него кои се помалку познати, за да го засакате уште повеќе.

Еве за што станува збор:

1.  Новак почнал да тренира тенис од свои 4 години и тоа во Копаоник.

2. Покрај српскиот, течно зборува англиски, италијански, француски и германски.

3. Неговата жена Јелена е негова школска љубов.

4. Поседува богатство од 180 милиони долари.

5. Доби понуда да игра за тимот на Велика Британија, но ја одби понудата и објасни дека тој е Србин и дека секогаш ќе игра само за својата земја.

 6. Готви сам. Откако откри дека е нетолерантен на глутен, Ѓоковиќ драстично ја промени својата исхрана и од тогаш сам си ги приготвува своите здрави и нутритивни оброци.

7. Ја објави својата автобиографска книга.

8. Рафаел Надал е неговиот најголем ривал и во текот на целата негова кариера, Ноле се бори со него. Новак, вкупно во својата кариера има одиграно над 50 мечови со Рафаел.

9.Повредата на лактот за малку ќе го чинеше за цела кариера, но тој успеа да се избори со неа и да се врати посилен од било кога.

10. Тој е голем фан на фудбалот, а омиелни клубови му се Црвена Ѕвезда, Милан и Бенфик.