Повторна битка на Ѓоковиќ и Надал: Кој ќе победи?

Во тек е АТП купот кој се игра во Австралија, а финалната пресметка ќе донесе директен дуел на Надал и Ѓоковиќ, односно на репрезентациите на Србија и Шпанија.

Шпанија се избори да биде вториот финалист со денешната победа на Рафаел Надал и Роберто Баутиста Агут кои ја елиминираа домашната репрезентација на Австралија со 2:0.

Финалистот Србија во првото полуфинале ја совлада Русија со 3:0 и влезе во завршниот круг. Најдобрите двајца тенисери на светот, Рафаел Надал и Новак Ѓоковиќ повторно заедно на терен еден против друг. 
Ова сигурно ќе биде финале за паметење.