Спорт // Спорт
Повторно проблеми за Ѓоковиќ поради ковид протоколите
Новак Ѓоковиќ нема да настапи на Мастерс турнирите во Индијан Велс и Мајами, САД ги продолжи мерките со ковид протоколите кои не се во прилог на Србинот.
Актуелните протоколи ќе важат до април, Ѓоковиќ сè уште не е вакциниран, и нема намера да го направи тоа, на Индијан Велс и Мајами може да настапи доколку ги исполни критериумите за медицинско изземање.
Надеж има за Ѓоковиќ доколку САД ги укинат овие протоколи до март, Србинот е во Австралија каде се подготвува за настап на АО 2023, а во моментот игра на турнирот во Аделаида.