Повторно тој и повторно брилира: Машки стил на денот и на сезоната
Кога треба да учиме за модата и машкото облекување, секогаш е убаво тоа да го направиме од најдобрите. Постоеле и постојат исклучително добри познавачи на трендовите, модата во целост, нејзината примена спрема нашето тело и форма...
Има такви кои сето тоа добро го научиле и сега ни презентираат одлично усогласени парчиња и вистински машки стил кој може да не‘ инспирира. Веќе пишувавме за италијанецот Мариано Ди Вајo, напознатиот тредсетер во светот.
Покрај тоа што се
облекува одлично, произведува и своја линија на облека и модни додатоци, па
сегогаш е во допир со машката мода. Како манекен постојано е ангажиран, а
најново од него е што стана заштитно лице на најновиот парфем „К“ од Долче и Габана и што е избран во 50 најубави
мажи на светот. Еднаш беше прв.
Но Ди Вајо ни презентира нешто друго. Изглед кој би требало да му се допадне на секој кој сака да изгледа убаво, моќно, машки и урбано. Се работи за капут од брендот „Амундсен“, со дворедно закопчување и дезен кој има ситни коцки. Надополнет е со класична маица и панталони во бежова боја, а изгледот е заокружен со часовник и впечатливи чевли.