Пожарникарите во Македонија со многу помали плати од полицајците и војниците, најдоброплатени чуварите во затворите

Пожарникарите иако се во првите борбени редови за гаснење на еден од најзастрашувачките природни феномени кои го загрозуваат човекот, немаат основни плати ниту од 20.000 денари, а месечните доходи им се многу помали од оние на полицајците и професионалните војници.

Далибор Колевски најдобриот пожарникар од Територијалната противпожарна единица на Куманово za 2020 и претседател на Синдикатот на пожарникарите на Македонија при НСДА вели дека оваа фела, за разлика од другите јавни безбедносни дејности, нема „стабилен работодавач“ бидејќи самите општини се тие кои одредуваат колку треба да им бидат платите.

- До ноември 2020 нашите просечни нето-плати беа 16.600 денари, а потоа по склучениот договор со кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски за пожарникар спасител сега се 19.600. Сепак морам да кажам дека тие варираат од општина до општина. Па така во Велес просекот е 23.000, а најголеми се во скопската бригада. За чинот водач на група следува зголемување само од 1.000 денари месечно. Голем број општини не исплаќаат 20 отстотен додаток за работа на терен, но треба да се каже дека со тужбите успеваме да ги добиеме на суд, вели Колевски.

Повеќе по оваа тема прочитајте на Фактор.мк