„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“
НЛБ Банка како дел од регионална Групација која оперира на 6 различни пазари во рамки на регионот на Југоисточна Европа (Словенија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Косово, Северна Македонија и Србија), веќе четврта година по ред го реализира проектот „Рамка за помош“, станува збор за иницијатива која има за цел да ги помогне и промовира иновативините проекти кои го подобруваат и збогатуваат нашето општество и решаваат предизвици како што се на пример: прекумерна употреба на дигитални технологии кај младите луѓе, врсничко насилство, кршење на човековите права, родова еднаквост, сиромаштија, како и предизвици поврзани со деменција и други болести на стареењето на населението.
Ова е проект за поздрав, посебно што веќе четврта година НЛБ успева да одржи континуитет во рамки на еден цел регион. Нивната порака е дека единствено заедно можеме да се справиме со клучните предизвици со кои се соочуваме во општеството, односно дека секој треба да соработува и активно да придонесе за решенија.
Затоа, со Рамката за помош, оваа година се даде одлична можност на оние кои работат за доброто на луѓето. Односно се избраа 10 финалисти од нашата земја, но и на секој поединечен пазар каде што работи НЛБ Групацијата, а секој од нив ќе биде награден со финансиска и комуникациска поддршка.
Потоа, регионалната комисија ќе избере 3 победници на проектот, од 60-те финалисти од Словенија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Косово, Северна Македонија и Србија. Добитниците ќе бидат објавени на 9-ти мај 2024-та година во Љубљана, а ќе добијат значајна финансиска поддршка која ќе им овозможи полесно да ја реализираат својата визија и да почнат да ги менуваат општеството и светот на подобро.
Еден од финалистите е и здружението за едукација и подигнување на социјална свест „За подобар свет“. Целта на проектот е преку едукација да се создадат нови генерации на деца кои од најмала возраст ќе знаат без страв да живеат со кучињата во нивниот дом и непосредната околина. Цел на проектот е и да се развие епатија кон кучињата, правилен соживот во домот и надвор. Целна група се деца од 6-11 години, односно ученици од прво до петто одделение. Со нив е планирано организирање на едукативни интерактивни работилници. Секоја едукативна работилница е планирана во траење од 35 до 40 минути со едно одделение или од 30 - 35 ученици. Работилниците ќе се одржуваат во дворот на училиштата.
Токму за деталите разговараме со основачот на ова здружение Роберт Петрушевски.
1. Проектот „За подобар свет“, иако можеби звучи премногу ветувачки, сепак навистина се борите да создадете амбиент каде децата, возрасните и животните би живееле во една похармонична и усогласена атмсфера. Раскажете ни повеќе -
- Ние како здружение сакаме да бидеме проактивни за да не“ препознаваат преку нашите активности како членови на локалната заедница и пошироко кои со свој личен пример и искуство покажуваме дека најлесен начин за подобрување на општата сосотојба започнува со преземање на лична одговорност и акција од нас самите, за бидеме пример за таа промена на подобро што сакаме да ја видиме и кај другите.
2. Како дојдовте до идејата за овој проект и со какви капацитети располагате? До колку училишта и деца успевате да допрете на годишно ниво?
- Вниманието го насочивме кон еден хроничен проблем со кучињата и мачките бездомници кои ги среќаваме на секој чекор околу нас. Како ветеринар со колегите дојдовме до заклучок дека една од главните причини за овој комплексен општествен проблем е неинформираноста на сопствениците на домашни миленици за нивните законски обрвски што мора да ги почитуваат и на тоа се надоврзува и нивното несовесно и погрешно однесување со нивните миленици во сопствените домови и дворови, а посебно кога се на јавна површина или во контакт со комшиите и во природа. Посебно внимание ни привлече погрешното однесување на децата кога ќе се сретнат со кучиња бездомници со што може да дојде и до несакани опасни ситуации. За да реагираме веднаш во соработка со пријатели педагози го развивме едукативниот проек „Кучето и детето да бидат весели и безбедни пријатели“ со кој при крајот на 2021 година настапивме пред локалните власти во општина Гази Баба и веднаш добивме одобрување со морална и скромна финансиска подршка за реализација на проектот. Од почетокот на 2022 до денес во 8 основните училишта лицирани во Гази Баба реализирани се вкупно 87 работилници на кои се дружевме со над 2,700 ученици од прво до петто одделение. Оваа година во план се последните 3 училишта со нови 1200 ученици и со тоа циклусот во општината Гази Баба ќе биде комплетиран, на што им сме посебно благодарни. Во меѓувреме добивме покана и со задоволство во мај 2023 година бевме гости во општина Крушево и во три основни училишта реализиравме 16 работилници со над 330 ученици.
3. Како изгледа една ваша работилници, со какви теми и методи се служите? Колку оваа проблематика е интересна и примамлива за децата?
- Едукативната интерактивна работилница се рализира во школските дворови и трае еден школски час со ученици од одделенска настава односно од прво до петто одделение. Најпрактично е на една работилница да присуствуваат помеѓу 30-40 ученици односно една поголема или две помали паралелки од исто одделение. На секоја работилница тука сме едукатор кој ја води работилницата и сопственик со своето куче за да можеме да покажеме неколку практични работи како поенти на целиот проект. Работилницата обработува неколку теми на кои си разговараме со децата тоа се:
Кучето и човекот пријателство кое трае 12,000 години
Кои се професиите кои секојдневно функционират со помош на дресирани кучиња
Како кучињата помагаат на болни и хендикепирани луѓе и позитивното влијание во социолошкиот и физичкиот развој на децата
Што значи кучето како домашен миленик и член на семејството придобивки и заеднички обврски на сите во домот
Што треба да знаеме како правилно и совесно да се однесуваме со своето куче кога сме надвор од домот.
Децата како искрена поблика веднаш се вклучуваат со свои убави но и непријатни искуства при нивниот контакт со куче.
Ги учиме децата на знаците кои кучето ни ги праќа при неочекувана средба на улица
Споделуваме безбедносни совети како да се реагира при ненадејни средби со глутница на улица, и практично тука демонстрираме со кучето кое е тука со нас.
Покажуваме како се приоѓа на куче, како се гали, и посебно работиме со деца кои имаат вроден или стекнат страв од куче да знаат да се приближат до куче да ги помириса да го погалат.
Реакциите на децата се одлични. Со нетрпение активно учествуваат бидејќи темата им е интересна, од секојдневниот живот. Сакаат да кажат свое мислење и искуство со што ги мотивира останатите деца да развијат емпатија кон кучињата и да посакаат да живеат со куче.
4. Со оглед на тоа дека работилниците се посветени на подигнување на свеста за мноу горлив проблем дали општините и институциите покажаа интерес за дисперзирање и проширување на вашите едукативни работилници?
- Посебна благодарност до градоначалникот и администрацијата на општина Гази Баба која со својата подршка не“ охрабри на самиот почеток дека сме на вистинскиот пат. Испративме писма со концептот на проектот до над 20 поголеми општини во Скопје и целата република. Без исклучок од секаде добивме позитивни реакции за идејата, но за жал освен општина Крушево, до сега ниту една општина не прифати својата морална подршка за проектот да ја подкрепи со покана да дојдеме кај нив што би значело барем да ни ги покријат основните трошоци за превоз, евентуално сместување ден или два и скромните хонорари за екипата едукатори. Се надеваме дека во скора иднина ќе успееме да го прошириме проектот низ сите скопски општини и пошироко.
5. Која е вашата порака со сите родители, зошто е важно децата да бидат дел од еден ваков проект?
- Секое дете на крајот на работилницата добива инфромативен флаер со тоа што научило денеска за да го покаже на своите родители. Ја користиме можноста да порачаме до родителите самите да негуваат убави чуства и однесување со кучињата бездомници со што би биле пример за своите деца. Пренесуваме порака преку децата до родителите дека кучето што го чуваат во својот дом си бара секојдневна грижа и обврска како член на семејството. Советуваме редовно да посетуваат ветеринар и да се запознаат со законските обврски што ги имаат како одговорни сопственици за да нивното куче не преставува проблем за комшиите и да се однесуваат одговорно и кон заедницата шетајќи го своето куче на места определени за тоа, без загадување на природата. Правата на кучињата како миленици не смеат да ги нарушуваат правата на комшиите во зградата или малоото каде живее кучето, и за тоа си има посебни одредби од законот. При избор на својот иден миленик најдобро е да се консултираат со ветеринар или ако се од Скопје да појдат до прифатилиштето Лајка каде ќе можат согласно својот начин на живот и обврски, ќе си земат раса на куче кое е прегледано од нашите колеги ветеринари и подготвено за вдомување во нов топол дом.
6. Вредноста на „За подобар свет“ беше препознаена од НЛБ Банка и нивната групациска иницијатива „Рамка за помош“. Влеговте во 10-те финалисти, дали очекувавте ваква поддршка и што таа значи за вас?
- Како млада организација се обидуваме секојдневно да најдеме подржувачи на нашата мисија. Со таква идеја и аплициравме на иницијативата „Рамка за помош“која ја поздравуваме. Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува и ја примивме како потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат.Нашето име во друштво на 10-те финалисти е пред се обврска да продолжиме со поголем ентузијазам понатака и веќе сме во контакт со неколку училишта во општините Аеродром, Центар и Кисела Вода за да го крајот на школската година реализираме најмалку 25 работилници токму благодарение на оваа помош од НЛБ Банка. Подготвени сме на долгорочна соработка и со НЛБ Банка, и секоја општествено одговорна компанија која сака да ни помогне како партнер во нашиот проект. Наша визија е многу скоро да се екипираме доволно за да во следните година – две ги поминеме сите основни училишта во Скопје. Сите идни наши работилници ги посветуваме на смртно задавеното дете во Пинтија од комшиското куче во несреќни околности. Основната цел на нашите работилници никогаш такво зло да не се повтори. Како млада организација се обидуваме секојдневно да најдеме подржувачи на нашата мисија. Со таква идеја и аплициравме на иницијативата „Рамка за помош“која ја поздравуваме. Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува и ја примивме како потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат. Нашето име во друштво на 10-те финалисти е пред се обврска да продолжиме со поголем ентузијазам понатака и веќе сме во контакт со неколку училишта во општините Аеродром, Центар и Кисела Вода за да го крајот на школската година реализираме најмалку 25 работилници токму благодарение на оваа помош од НЛБ Банка. Подготвени сме на долгорочна соработка и со НЛБ Банка, и секоја општествено одговорна компанија која сака да ни помогне како партнер во нашиот проект. Наша визија е многу скоро да се екипираме доволно за да во следните година – две ги поминеме сите основни училишта во Скопје. Сите идни наши работилници ги посветуваме на смртно задавеното дете во Пинтија од комшиското куче во несреќни околности. Основната цел на нашите работилници никогаш такво зло да не се повтори.
ЛИНК: https://www.facebook.com/profile.php?id=100087114648997&sk=photos
* Е.А.