Спорт // Спорт
Познат македонски борач убиен во Блаце
Борачот Буњамин Нуиши загина при грабежот на казиното во Блаце, објавија од неговиот клуб Тефејуз. Нуиши важеше за еден од најдобрите борачи на клубот, а работел како обезбедување на казиното. Нуиши починал откако бил удрен со кундак во главата.
Покрај Нуиши, жртва при грабежот е и 22-годишниот В.Х. од Косово.
Последен пат Нуиши се бореше на Светскиот куп во шалвари Дунја купот во Кахраманраш во Турција. Тој тогаш победи во меч со борец од Белорусија, а потоа загуби од светскиот шампион од Азербејџан.