Селекторот на македонската А репрезентација, Благоја Милевски го објави списокот со фудбалери за последните два натпревари против Грузија (23. септември) и Бугарија (26. септември) од групата 4 во Ц сегментот од Лига на нации.
Првиот септемвриски меч ќе го одиграме на гостински терен во Тбилиси, домашниот натпревар против Бугарија е закажан на Националната арена “Тодор Проески” во Скопје.
На списокот на селекторот Милевски се наоѓаат следните 27 фудбалери:
Собирот на нашата најдобра селекција за претстојните пресметки против Грузија и Бугарија е закажан за 19. септември (понеделник) во 12:00 часот во х. Хилтон во Скопје.
Во групата од Лига на нации, македонската репрезентација со седум бодови од четири натпревари е на второто место. Грузија е лидер со десет бодови. Бугарија е трета со три, Губралтар има бод од досегашните четири меча.