Спорт // Спорт
Познат тимот за ЕУРО, Савевски го објави конечниот список
Селекторот на најдобрата женска сениорска ракометна репрезентација, Љубомир Савевски го објави списокот на повикани ракометарки за претстојното Европско првенство кое стартува на 4. ноември, а на кое Македонија е еден од домаќините.
На списокот ги нема, Марија Штериова, Теодора Дукоска и Елена Ѓорѓиевска .
Собирот на ракометарките е закажан за на 24. октомври, првиот меч го играме со Франција на 05.11 (сабота) во 18:00 часот, потоа со Холандија на 07.11 (понеделник) и Романија во последното коло од групата на 09.11 (среда), сите средби ќе се играат во СЦ „Борис Трајковски“.