Познатата докторка Надежда Басара, која на илјадници луѓе им помогнала во лекувањето со ракот, открива каква диета им препорачува на своите пациенти: 3 работи се клучни
Професорката д-р Надежда Басара, една од водечките хематолози, онколози и трансплантанти на матични клетки во светот, откри каква диета им препорачува на пациентите кои боледуваат од најтешките болести.
Д-р Надежда Басара, чие име стана синоним за успех во областа на хематологијата и трансплантација на матични клетки, живее и работи во Германија повеќе од една деценија, каде што целосно се посвети на спасувањето човечки животи.
Угледната докторка неодамна откри каква диета им препорачува на пациентите и дали таа треба да биде строго медицински препишана.
- На моите пациенти им препорачувам медитеранска исхрана, со најмалку три различни бои: риба на скара со зеленчук три пати неделно, пилешко или мисирка два пати неделно, свеж зеленчук, салати, многу течности, по можност три литри дневно - изјави Др. Надежда Басара за магазинот Здравје без лекови“.
На прашањето како се грижи за своето здравје и како се храни, таа го кажа следново:
Медитеранската исхрана или диета во последните шест години е меѓу најпопуларните на планетата. Програмата вклучува многу овошје, зеленчук, морска храна, здрави масти, а нема да погрешите со повремената чаша црвено вино.
Во предвид доаѓаат и мешунките и житариците. Јадењата најчесто се приготвуваат со маслиново масло. Медитеранската исхрана делува превентивно на кардиоваскуларните заболувања и го намалува ризикот од мозочен удар, дијабетес и рак.
Фото: Freepik.comИзвор: Zena.blic.rs