Познати можните противници на Академија Пандев и Шкендија во Конференциската лига

Шкендија и Академија Пандев, кои ќе не преставуваат во Конференциската лига на УЕФА, ги дознаа можните ривали за првото квалификациско коло. 

Утре од 14 часот во Нион, ќе биде извршена ждрепката,  Македонија ЃП ќе стартува од второто коло.

Академија Пандев  не е носител, а можни противници се  Динамо Тбилиси (Грузија), Алашкерт (Ерменија), Дрита (Косово), Лехија (Полска), Милшами (Молдавија).

Шкендија е носител, а може да игра против еден од овие тимови: 

Сабуртало (Грузија), Флориана (Малта), Арарат (Ерменија), Тузла Сити (БиХ) и Дечиќ (Црна Гора).