Познати можните противници на Шкендија и Македонија ЃП за 3-коло во Конференцсиката лига

Ждрепката во Нион ги одреди можните противници на Шкендија и Македонија ЃП во третото квалификациско колово Лигата на Конференции. 

Доколку Шкендија биде подобра од   Валмеира (Летонија), за противник ќе го има во следниот круг на натпревари победникот од двомечот меѓу АИК (Шведска) и Ворскла (Украина).

Македонија ЃП доколку биде подобра од   ЦСКА Софија, во 3.квалификациско коло ќе се сретне со подобриот од двомечот меѓу Сент Патрик (Ирска) и Мура (Словенија)

Натпреварите ќе се играат на 4 и 11 август.