Познати се термините на ракометарите, Македонија ја пречекува Црна Гора во Маврово

Машката ракометна репрезентација на Македонија се подготвува за настапот на мундијалот во Полска и Шведска.

Нашиот национален ракометен тим е на подготовки во Маврово, тука ќе одигра два меча со селекцијата на Црна Гора.

Познати се термините, првиот натпревар ќе биде одигран на 27 декември со почеток од 17:00 часот, додека ден подоцна, на 28 декември двете селекции ќе играат во терминот од 14:00 часот.

На почетокот од годината, на јануари ќе се одигра ревијален натпревар со хуманитарен карактер, средбата на ветераните Лазаров, Стоилов, Миркуловски и останатите со „новиот“ тим на Македонија.