Познатиот актер во критична состојба по несреќата: „Ова е страшно, само да се опоравам“
Актерот Џереми Ренер (51) доживеа несреќа додека чистеше снег, a сега е во критична состојба
Американскиот актер Џереми Ренер е во „критична, но стабилна состојба“ откако се повреди додека чистеше снег пред неговиот дом на планинскиот ранч во Сиера Невада.
Америка деновиве се бори со обилните снежни врнежи и актерот е една од жртвите на ова страшно невреме.
Џереми е голем љубител на машини и има неколку дувачи за снег на својот ранч, а на социјалните мрежи објавуваше за помагање на локалната противпожарна станица да се справи со сите лоши работи што го погодија неговото соседство.
Не е познато како дошло до несреќата, но портпаролот на познатиот актер истакнал дека е згрижен, и дека се надева на брзо закрепнување.
Ренер е двапати номиниран за Оскар и се појавува во големите американски блокбастери.
На социјалните мрежи неговите фанови оставаат молитви и желби за брзо закрепнување:
„Ова е страшно, се надевам дека ќе успее“
„Се молам за Џереми“
Испраќање добри мисли и молитви за негово закрепнување“, пишува во дел од пораките.
Извор: stil.kurir.rs