Познатиот д-р Матиќ откри како на природен начин да го исчистите црниот дроб и цревата: Не чини ништо и има благотворно дејство

Фото:  Printscreen Yotube - Happy TV

Доктор Момчило Матиќ откри како на природен начин да ги исчистите црниот дроб и цревата

Проф. Д-р Момчило Матиќ предупреди дека секој кој јаде силна, мрсна храна подолг временски период треба да го исчисти и детоксицира црниот дроб.

Д-р Матиќ истакна дека по обилните оброци кои сите помалку или повеќе ги имавме претходните денови, треба да се ограничиме и да не претеруваме подолг период.

„Ако се опуштиме два-три дена, ништо нема да пропуштиме, меѓутоа, оние кои долго време јадат лоша храна треба да го исчистат и детоксикаираат црниот дроб“, вели д-р Матиќ.

За тоа, како што вели, најдобар е чајот од глуварче, додавајќи дека добро е во него да додадете прополис, полен, ѓумбир во прав, цимет и лимон.

„Треба да го пиете наутро пред појадок на празен стомак, но пред тоа да пиете уште една чаша топла вода. Одлична е за детоксикација“, вели д-р Матиќ.

Како што вели, таа вода може да биде каква било, дури и од чешма, сѐ додека е загреана, да биде топла.

„Најпрво треба да испиеме две чаши топла вода за да го исчистиме нашето тело“, вели д-р Матиќ.

Тој истакна дека и сода бикарбоната дава базна реакција, но дека е проблем кај луѓето кои имаат висок крвен притисок.

„За детоксикација најважен е внесот на течности и вода, кои на нашиот организам ќе му дадат најдобар резултат“, вели д-р Матиќ.

За оние кои сакаат да ослабат, наместо топла вода, лекарот им препорачува ладна вода, бидејќи таа подолго се задржува во организмот и го зголемува чувството на ситост.


Извор: Стил.рс