Прашума исчезнува со брзината од три фудбалски игралишта по минута

Амазонската прашума исчезнува со брзината од три фудбалски игралишта по минута.

Размерите на исчезнување на Амазонската шума се толку големи што дури сега се смета дека се уништува површина повеќе од три фудбалски терени по минута.  Тоа значи дека во скоро би можеле да дојдеме до точка по која Амазон повеќе не би можел да се обнови, пишува „Гардијан“.

Според информациите на сателитскиот систем Детер Б, кој започна со работа во 2015 година, во јули исечени се 1.345 километри квадратни бразилска амазаонска прашува, што е за третина повеќе отколку што било исечено во јуни, пренесува „Индекс“.

До крајот на овој месец, се претпоставува дека размерите на уништување на Амазон се толку големи со што ова ќе биде прв месец во последните неколку години во кој Бразил ја изгуби областа на прашума со големина колку Лондон, пренесува „Спутник“.

Постојаното намалување на прашумските подрачја, се заканува на глобалната стабилизација на климата.