Празници се ближат, попусти се нижат: Зен и Стојаноски знаат каде

Еуфорија, новогодишно лудило, магија за празниците... Колку и да не сакаме, одредени моменти не понесуваат. И тоа е убаво. Да знаеме да се израдуваме, да се насмееме, да подариме насмевки- барем тие се бесплатни! Останатите нешта се плаќаат, но кога некој може да си дозволи, зошто да не?

Има одредени брендови кај нас кои можат да понудат фантастични парчиња облека, и за да подарите и за да ви подарат и да си ги купите за вас. А, сезона е на попусти. Тамам пред Нова година.

Традиција е да се купи нешто, а облеката е едно од решенијата. Една од најуспешните компании кај нас „Fashion Group Macedonia“ која застапува повеќе реномирани светски брендови, нуди попуст дури до 50 отсто. Понудата е огромна, Ваше е да изберете. Но тоа правете го со стил, памет и бидете свесни дека секое нешто не значи дека убаво ќе ви стои. За квалитетот не постои дискусија! Квалитетот не е секогаш евтин, ама барем треба да знаете дека кога веќе купувате, тоа нека биде најдоброто!

Одличен пример можат да ви дадат раперот Тони Зен и нашиот интернационален манекен Христијан Стојаноски. Едниот заштитно лице на брендот Тимберленд, а другиот на брендот Риплеј и Хуго Бос. Во серијата фотосесии за овие брендови, и двајцата прикажаа модерна облека во духот на урбаниот стил, а сега сето тоа може да се купи на попуст.

Тони Зен инспирира со овој Тимберленд изглед. Облека која е практична, има заштитна улога и нема да ве изневери каде и да се појавите.

Цени:

Јакна: 11.999 денари, намалена од 14.990 денари

Кошула: 3.899 денари, намалена од 5.490 денари

Чизми: 6.299 денари, намалени од 8.990 денари

Манекенот Христијан Стојаноски е како создаден да носи облека на Риплеј. Младешки изглед, бунтовна нишка, црна боја за доза на мистика...

Цени:

Јакна: 17.090 денари, намалена од 24.490 денари

Ранец: 6.290 денари, намален од 7.890 денари

Чизми: 7.290 денари, намалени од 10.490 денари

Н.Т.