Пред 34 години сите ја пееja нејзината песна, а потоа се пензионира: Еве што прави денес пејачката на групата „Рива“, единствената југословенска евровизиска победничка

Поранешна Југославија на изборот на Евровизија учествувала вкупно 27 пати, а победи само еднаш.

Во 1989 година кога групата „Рива“ од Задар ја освои Европа со хит песната „Рок ме“.

Пејачка на оваа музичка група беше Емилија Кокиќ, која во времето на нејзината најголема слава имаше само 21 година.

„Беше толку големо, необично и неочекувано што едноставно немам реално и вистинско сеќавање на тој момент“, изјави еднаш Емилија Кокиќ за Би-Би-Си, а по враќањето во Задар ги пречекаа дури 60.000 луѓе


Сепак, и покрај победата во Лозана, Швајцарија, Емилија не сакаше да се истакнува и во еден момент дури и се повлече од јавната сцена. Како што кажа претходно, била разочарана од тоа како функционираат работите.

„Никој не те учи што значи да се биде јавна личност, има толку многу што човек треба да научи“, признала Емилија во интервју за РТЛ, а потоа додала:

„Најгорда сум што останав нормален човек. Беше многу тешко да зачувам некои морални вредности, некои мои верувања и да застанам зад моите убедувања“.


Наместо тоа, таа се посвети на образованието.

„Чувствував дека сакам нешто повеќе и училиштето ми ја исполни таа желба“, вели таа.

Поради темпото со кое живееше во екот на нејзината популарност, Емилија имаше здравствени проблеми.

„Можно е да се случило заситеност, бидејќи сè беше интензивно. И сега не сум женска планина, завршив со 48 килограми во итната медицинска помош со витамински коктели бидејќи немав време да јадам. Едноставно работите те мелат во тој шоубизнис и сега е така, само прашање е колку си тврд“, признала пејачката за споменатите медиуми.


Откако ја напушти групата Рива, таа започна соло кариера и сними седум албуми.

Денеска Емилија Кокиќ води школа за пеење во главниот град на Хрватска - Загреб и повремено се појавува на музички фестивали.


Фото: Инстаграм/Youtube - screenhsoot

Видео: Youtube