Пред 43 години во келнерка си ја пронајде сродната душа: Познатиот актер ја откри тајната за среќен брак
Актерот Џеф Бриџис е во брак со Сузан Гастон 43 години, а парот има три ќерки. Во интервју тој ја откри тајната на нивниот долг брак и истакна дека тоа е љубов на прв поглед
Оскаровецот Џеф Бриџис и неговата сопруга Сузан Гастон во јуни годинава ја прославија 43-та годишнина од бракот, годишнина што е навистина ретка меѓу паровите во Холивуд. Славниот актер сега ја откри тајната на нивниот долгогодишен брак за списанието „Пипл“.
- Јас сум навистина благословен. Ние сме навистина различни луѓе, но го славиме тоа и не дозволуваме ништо да не раздели. Ја почитувам нејзината мудрост- истакна тој.
70-годишниот актер ја запознал својата 67-годишна сопруга во 1974-та година кога таа имала 20 години и работела како келнерка на ранч, каде што го снимил вестерн филмот „Rancho Deluxe".
- Тоа беше љубов на прв поглед- призна Бриџис, кој стапи во брак со Сузан две години откако се сретнаа. Минатата година неразделната двојка го продаде својот ранч во Монтецити на својата сосетка Опра Винфри за дури 6,8 милиони долари, а денес живеат во Монтана. Тие минатата година таму ги поминаа и Божиќните празници заедно со своите три ќерки Изабел (39), Џесика (37), Хејли (34) и нивните семејства.
- Тие се сакаат и поминуваат многу време заедно. Цело време си поставуваат прашања, за да бидат сигурни дека и двајцата уживаат во сè - изјави нивната ќерка Изабела.
Таа истакна дека бракот на нејзините родители е вистинска инспирација за неа и нејзините сестри и не криеше дека имале среќно детство полно со љубов. Заедно со нејзиниот татко, Изабела објави книга за деца, која тие ја напишаа и илустрираа.
Џеф Бриџис е едно од најпопуларните имиња во Холивуд, а неговата завидна кариера трае 50 години. Досега тој беше номиниран за Оскар седум пати, а доби златна статуа во 2009-та година за филмот „Лудо срце“. Сепак, најголемата среќа во неговиот живот е неговото семејство и тоа е нагласено во секое интервју. Тој сè уште активно се занимава со глума, а наскоро ќе се појави во новата серија „Старецот“, според книгата на Томас Пери од 2017-та година.
Фото: Profimedia