„Пред 5 месеци дојде момче кое се пожали на големината на неговиот пенис“: Приказната на д-р Милошевиќ која предизвика молк во студиото

Истражувањето на сајтот Порнхаб откри зачудувачки факт: 38% од жените во Србија гледаат филмови за возрасни, што ги става на второ место во Европа, додека жените од Молдавија се на прво место.

Во таа прилика психотерапевтката Гордана Никиќ изјави дека работите во овој поглед значително се промениле, дека девојките денес се многу послободни и дека жените се стремат кон еднаквост. И дека жените денес повеќе бараат начини да се едуцираат во овој поглед.

Докторот Александар Милошевиќ изјави дека не е изненаден што денес жените гледаат еротски содржини, бидејќи имаат желба да следат мажи кои природно имаат посилен еротски нагон.

На прашањето на новинарката дали нешто не е во ред во врската или бракот, доколку партнерот гледа порно, докторот рече:

„Ако гледаат порно филмови на 50 и 60 години, во емотивната врска ништо не се менува. Ако гледаат порно филмови на 20, 30 години, тогаш се менуваат многу работи. Всушност порно филмовите влијаат негативно кај млади луѓе кои треба да ја градат својата сексуалност“, објасни урологот.

По тој повод, урологот д-р Милошевиќ раскажа една интересна приказна:

„Пред четири, пет месеци дојде еден дечко кој има релативно голем пенис. 16, 17 сантиметри, девојка му е со нормална градба, се сакаат. Го убедуваме да "најде друга", раскажа докторот кој додаде дека типот не сакал да раскине со девојката, па тогаш единствено решение било „хируршко намалување на пенисот“, како што рече докторот.

„Ова го немам слушнато во животот“, изјави водителката, додека гостинката доц. Д-р Гордана Никиќ, психотерапевт, истакна: „Јас ништо не би намалила“.

Што мислите за оваа тема? Пишете ни во коментари.


Фото: Printscreen

Извор: стилкурир.рс