Пред 60 години постави рекорд на неспиење: Еве колку долго издржа без сон, борејќи се со параноја и халуцинации!
Експериментот донесе ново сознание и ги скрши предрасудите за смртта
Ренди Гарднер и Брус Мекалистер сакале да испитаат како недостатокот на сон влијае на когнитивните и физичките активности кај луѓето.
Не спиел единаесет дена, а еве што доживувал!
Фрлиле паричка и било одлучено Ренди да не спие, а Брус да пишува забелешки за неговото однесување. Експериментот започнал на 29 декември 1963 година. Дури и познатиот истражувач на соништата д-р Вилијам Ц. Демент од Универзитетот Стенфорд се приклучил на овој потфат како набљудувач, а го следеле и сите локални весници.
Дотогаш било познато дека недостатокот на сон кај луѓето предизвикува пред се‘ параноја, но и други витални проблеми. Сè уште не било јасно дали неспиењето може да предизвика смрт.
- Веројатно бев единствената личност на планетата во тоа време која всушност го истражуваше спиењето. Родителите на Ренди беа многу загрижени, бидејќи се‘ уште не беше утврдено дали тој би можел да умре доколку не спие доволно долго - рече Демент.
Под услов на родителите на Ренди, експериментот го набљудувал и поручникот Џон Рос од Одделот за медицински невропсихијатриски истражувања на американската морнарица во Сан Диего.
Како сето тоа влијаело на Ренди?
Првата фаза од експериментот поминала добро за него, иако тогаш имал само 16 години. Но, како што експериментот продолжил, забележано е дека има пропусти во меморијата, а првите халуцинации започнале на четвртиот ден.
Веќе петтиот ден имал поживописни халуцинации. Видел шумска патека пред себе, а не сопствената куќа.
- По тој момент немаше повеќе подеми, само падови. Како некој да ми стави хартија за стругање во мозокот. Моето тело добро го толерираше, но мојот ум беше погоден - изјави тој.
Во следните денови, неговиот говор забавил и бил нејасен. Неговата способност за паметење била сведена на минимум. И покрај тоа што воопшто немал фокус, сепак успеал да игра пинг-понг за да остане буден, но доживеал големи напади на параноја.
Последниот ден од експериментот
Тој ден Ренди имал целосно безличен изглед. Неговиот глас бил монотон и нејасен. Морал постојано да прима дразби од надвор, за да одговара на прашања. Не се сеќавал што прави, а моторните способности му беа минимални.
Ренди Гарднер на тој начин постави нов светски рекорд во лишување од сон од 11 дена, односно 264 часа.
Научниците го набљудувале неговото однесување во следните неколку ноќи, со цел да ја следат неговата фаза на РЕМ спиење и да се уверат дека тој се враќа во состојба пред почетокот на експериментот.
Тогаш било заклучено дека за време на лишување од сон, областите на неговиот мозок постојано биле во мирување, што било забележано во идентични експерименти на стаорци.
После тоа, многумина поставуваат нови рекорди во несоница, но тие веќе не се запишани во Гинисовата книга, за да не се поттикнуваат активности кои можат да ги загрозат животите на учесниците.
Фото и Видео: Youtube / Wonders of the World