Пред актерството асфалтирал улици, а во кревет однесе многу холивудски убавици
Со познатиот холивудски шармер Лук Пери се поздравивме во март оваа година, кога почина како последица од тежок мозочен удар, а вчера би го прославел 53 роденден.
Лук пред првите улоги во реклами испраќал многубројни пријави за актерски работи во Њујорк, дури 215. За да може да си ги плати своите часови по глума, работел како келнер и асфалтирал улици, а како бример често го наведувал очувот Стив Бенет кој бил градежен работник. Истакнал дека од него научил важни животни лекции.
Во улогата Dylan McKay во серијата „Беверли Хилс 90210“ доживеал потполна афирмација - насловните страни на тинејџерските магазини само се ределе, ја доби титулата злобно момче, а тесните излитени фармерки и обичната бела маичка му станаа заштитен знак. Ги освои срцата на многубројните обожавателки, но успеа да шармира и многу дами во Холивуд, меѓу кои и колешката од серија која го прослави, Шанен Доерти.
Својот последен филм, Пери го сними со Леондардо ДиКаприо кој истакна дека му било чест да работи со него.
Погребан е на својот имот во американската држава Tennessee, а неговиот погреб е обвиен со велот на тајната. Имено, членовите на неговото семејство сакаа да ја испочитуваат неговата последна желба - да биде погребан на фармата во споменатата држава каде актерот поминал најмногу време во последните години од животот, пишува Radar Online.