Пред илјадници години Сахара воопшто не постоела: Таму имало огромно езеро, а денес песокот е важен - еве зошто (ФОТО)
НАСА објави
неверојатни слики кои покажуваат дека порано имало езеро поголемо од Каспиското
во централна Африка.
Мега Чад, како што го нарекоа, зафакало 390.000 квадратни километри преку Сахара, и доколку би постоело денес, би бил најголемо во светот.
Денешното езеро Чад е само дел од она што некогаш постоело таму.
На фотографиите се истакнуваат потемните, пониски делови на областа, заедно со наносите од песок што се формирале околу бреговите на Мега Чад.
Експертите сметаат дека на езерото му требале неколку стотици години да се собере на денешните 1.350 километри квадратни. Површината на езерото Чад, која се протега низ Чад, Нигер, Нигерија и Камерун, дополнително се намалува поради човечкиот фактор.
- Периодот на влажност во Северна Африка заврши пред околу 5.000 години - истакнуваат научниците.
Патем, во јужниот дел на пустината Сахара, се наоѓа најниската точка во Чад, околу 155 метри под нивото на морето, наречена Депресија Бодела.
Се верува дека сливот пресушил пред околу 1.000 години. Плодната прашина од сливот преку Атлантикот дошла до Јужна Америка и така дождовните шуми во Амазон се „збогатиле“.
Басенот на Бодел бил богат со хранливи материи што може да бидат причина за бујната природа во Амазон.
- Амазонската прашума е како огромна корпа. Во такво опкружување, големи дневни количини на вода брзо исфрлаат хранливи материи од почвата, па затоа мора да се заменат. Што значи дека хранливите материи можат да доаѓаат само од надворешен извор - рече д-р Симон Армитаж, објаснувајќи ја врската помеѓу Сахара и Амазон. Звучи неверојатно, но сахарскиот песок е главното ѓубриво на бујната природа на Амазон.
Тим истражувачи исто така се обиделе да ја утврдат староста на бреговите на Мега Чад, под претпоставка дека тие потекнуваат од пред 15.000 години.
Фото: Pixabay/Фејсбук- NASA Earth
Извор: Дејли мејл