Пред повеќе од 10 години беше омилен меѓу тинејџерките: Многу хитови, соработки со балкански ѕвезди, во екот на популарноста се повлече од сцената
ејачот Елвир Мекиќ од 2007 година, па сѐ до пред нешто повеќе од 10 години жареше и палеше на македонската музичка сцена. Поголемиот број од емотивните текстови ги има напишано сам, а истите и ден денес се пејат помеѓу онаа генерација, која растеше во времето кога тој беше главна ѕвезда.
Неговата прва песна „Се шекнувам“ и денес може да се слушне на многу ретро забави, но по неколкуте синглови тој направи пауза, за време на која пишуваше текстови за други популарни пејачи во Македонија.
Главен соработник му беше Јован Јованов, со кој има и неколку дуети, кои поминаа и повеќе од одлично. Публиката особено го забележа по дуетската „Опасно“, која ја изведе со Маја Саздановска на фестивалот „Охрид фест“ во 2007 година. Оснатото е историја.
Од поважните неговите настапи може да се издвои и обидот да ја претставува Македонија на Евровизија, но за жал „Армија“ не беше одбрана во 2008 година како победничка песна на домашниот избор.
Како поважни соработки може да се издвојат двете песни со Слаџа Делибашиќ - „5 минута“ и „Још увек смо на Ви“, како и песната „Што је од Бога добро је“, која ја отпеа со Селма Бајрами во 2010 година за нејзиниот албум „Закон судбине“.
Денес, Елвир не е активен на македонското естрадно небо, а пред неколку години се пресели во Сараево, каде што живее со неговата сопруга Лејла и синот Дарис. За време на одморот во Македонија во 2019 година, Елвир за Женски магазин откри со што се занимава во Босна.
„Тука сум на неколку дена. Во Сараево сум со сопругата и со синот, тој наполни шест години. Доаѓам повремено за да ги видам блиските и пријателите. Инаку, во Босна работам на моја авторска и на музика за други изведувачи“ - изјави тогаш Мекиќ.
Доколку ги имате заборавено рефрените од неговите хитови, во продолжение ве потсетуваме на неколку од нив: