Пред сите пластични операции бугарската принцеза Калина беше убавица: Денес повеќе личи на бодибилдер во здолниште

Принцезата Калина денес има 52 години и е луда по спорт. Таа вели дека вежба секој ден, што се покажува во нејзините мускули

Во кралските кругови бугарската принцеза Калина е крајно необична појава. Мускулеста, силно исончана во солариум, со портокалова коса и тешка шминка, таа секако не може да остане незабележана.

Но, Калина изгледаше прекрасно пред првата пластична операција.


А потоа се случи повреда, пад поради кој остана без забите и доби тешка инфекција па заврши на операција. Од тој период нејзиниот нос значително се разликува, а лицето и е деформирано.

Меѓутоа, можеби сакајќи да контролира нешто од својот изглед, Калина почнала да вежба религиозно, секој ден, што резултирало со екстремно мускулесто тело.

Како што рече таа во душа е спортист, се грижи за своето здравје и повеќе сака тренинзи со тегови.

„Не се чувствувам добро кога не тренирам“, изјави принцезата Калина за магазинот „Хол“.

Таа го откри и својот план за вежбање: во понеделник и четврток го тренира стомакот, трицепсот, нозете, грбот, додека вторник и петок се резервирани за градите, бицепсите и рамената.

Таа трча неколку пати неделно, се занимава со скијање, спортови на вода, планинарење, сака сама да го шета своето куче и истакнува дека е вегетаријанка.