Пред три години продавал кифли во пекара, а сега е продаден за 45 милиони: „Мајка ми не знае како не станав крадец или дилер“

Манчестер Сити и Челзи го бараа летово, но тој реши да замине во клуб од средната маса.

Вулверхемптон ги шокираше сите кога пред неколку дена го ангажираше Матеуш Нуњеш од Спортинг за 45 милиони евра, особено што Манчестер Сити и Челзи се откажаа од Португалецот затоа што тој им беше прескап.

Сепак, не толку тајната врска меѓу Вулверхемптон и агентот на Џорџ Мендес - го донесе Нуњеш во Англија по малку поповолна цена, се разбира со надеж дека наскоро неговата цена барем ќе се удвои. Воедно, навистина се работи за одличен фудбалер со многу интересна животна приказна...

Тој израснал во фавелите на Рио де Жанеиро каде се обидел да го „копира“ Роналдињо, а потоа со мајка му и очувот се преселил во Португалија кога имал 13 години.

Таму се обидел да направи фудбалска кариера, но до пред само три години работел во семејната пекара во малото гратче Ерикерија во близина на Лисабон. Секој ден одел на тренинг во Спортинг и се надевал дека ќе се „извлече од сиромаштијата“, а потценување е да се каже дека му успеа бидејќи е најскапиот фудбалер во историјата на Вулверхемптон. 

„Имаше моменти кога немавме што да јадеме, не помогна што мајка ми никогаш не престана да работи. Таа е воин кој ми ја всади љубовта кон фудбалот. Првпат шутирав топка со неа. Ако немавме топка, јас и браќата игравме со чорапи, важно беше само да се тркала, мајка ми до ден денес не знае како се случи да не станам крадец или дилер“, изјави Нуњеш во минатогодишното интервју за португалски „Рекорд“, додека за клупската телевизија раскажа како се случило да работи во пекара ...

„Работев во пекара околу пет-шест месеци. Одев наутро бидејќи игрите беа попладне. Стоев на нозе пет-шест часа и потоа морав да тренирам, не можам да кажам дека беше лесно. Немав возачка дозвола, па се будев во пет наутро за да одам на работа со велосипед“.

Нуњеш има 23 години и игра на позицијата централен играч за врска, а летово стана 11-ти португалски фудбалер во Вулверхемптон, каде играат уште Мутињо, Нето, Гедеш, Невеш...


Фото: Youtube - screenshoot