ПРЕД ВЛЕГУВАЊЕ ВО ВОЗИЛО, ПРВО ЗАДОЛЖИТЕЛНО ДА ГО ПРОВЕТРИТЕ - утре и задутре портокалова фаза, МЗ со препораки
Според најавата од Управата за хидрометеоролошки работи, Министерството за здравство информира дека во текот на следните два дена (од 4-5.08.2021 година - среда до четврток), целата територија на државата ќе биде зафатена со температури од портокалова (алертна) фаза.
Согласно Акцискиот план за превенирање на последиците од топлотните бранови врз здравјето на населението, потребно е да се почитуваат општите мерки за заштита на здравјето, како што се:
-Ослободување од работните обврски на најранливите групи на населението, вклучувајќи ги бремените жени и лицата на возраст над 60 години.
-Во установите за згрижување на децата (градинки) да не се практикуваат физички активности и да не се изнесуваат децата на отворено во периодот од 11 до 17 часот.
-Единиците на локалната самоуправа, Црвениот крст на РСМ и Центрите за социјални работи во регионите зафатени со топлотниот бран да имаат поактивен пристап и да пружат помош на осамени, стари и изнемоштени лица и бездомници.
-Со оглед на фактот дека одредени ризични производни и технолошки процеси може да претставуваат дополнителен ризик по здравјето на изложените работници, се потсетуваат работодавците на обврската за почитување на законските прописи од оваа област.
Од МЗ потсетуваат дека населението во целиот летен период потребно е да ги почитува општите мерки за заштита на здравјето, кои прочитајте на Фактор.мк