ПРЕДЛОГ АВАНТУРА: Тура до врвот Мусица за поглед од милион долари!

Имаме одлична активност за сите планинари, оф-роуд бајкери, авантуристи и вљубеници во природата. Искачување до врвот Мусица на Бушева планина за една од најуникатните панорамски глетки во Македонија.

Бушева планина, во чии падини е сместен највисокиот град на Балканот, Крушево, нуди неверојатни пејзажи кои кулминираат на 1788 метри надморска височина.

Имено, oд врвот Мусица имате поглед од кој застанува здивот: цела Пелагонија на дланка. Но, не само тоа. Од истата точка може да се воодушевувате и на нашите највисоки планински врвови – Кораб, Солунска Глава и Пелистер. Секој што се искачил на Мусица ќе ви даде препорака и самите да го искусите тоа доживувањето е навистина неверојатно.

Како до таму? Преку Panorama All Seasons Adventure. Компанијата која стои зад инвестицијата во најголемиот адреналински парк во Македонија, Панорама Хотел и Спа, како и ски-центарот во Крушево, нуди уникатни тури до врвот Мусица со водич и превозни средства по ваш избор.

На располагање се профи планински велосипеди, АТВ квадрицикли, теренското возило JEEP Rubicon, како и амфибија за возбудлива авантура по Бушева планина чие финале е панорама која се памети засекогаш.

Надополнете го ова искуство со релаксација во спа центарот на хотелот Панорама каде неверојатните глетки не запираат. Додека се опуштате во затворениот базен и џакузи го гледате целото Крушево пред вас, како и небото над вас, преку стаклениот покрив.

Звучи добро? Пред нас се уште два продолжени викенди – препуштете се на авантурата.

Информирајте се за слободни термини и резевирајте преку веб страницата на Panorama All Seasons Adventure.


*пр-објава