Предодреден да биде Исус распнат на крст: Актерот ја почувствувал целата страотна голгота
Страдањата Христови:
Мел Гибсон го предупредил Џим Кавизел дека оваа улога ќе биде многу тешка и дека ако прифати, може засекогаш да биде маргинализиран во Холивуд. Кавизел побара еден ден да размисли за тоа, а неговиот одговор беше: "Мислам дека мораме да го направиме тоа, дури и ако е тешко. И уште нешто, ги носам неговите иницијали во името и презимето (на англиски), имам 33 години исто како и Исус кога беше распнат. Не го сфатив тоа до сега“.
За време на снимањето, Џим Кавизел (кој го игра Исус) изгуби 20 килограми, го удри гром, ненамерно го удрија два пати за време на сцените со камшикување, оставајќи лузна долга преку 30 сантиметри, му се измести рамото и претрпе пневмонија и хипотермија од речиси гол неколку часа на отворено распнат на крст.
Неговото тело беше толку стресно и исцрпено од играњето на улогата што мораше да направи 2 операции на отворено срце по продукцијата.
Само за сцената со распнувањето биле потребни 5 недели од вкупно 2 месеци снимање.