Пресудата е донесена, исходот познат: Дали Алек Болдвин оди во затвор?
По долго време ситуацијата е решена...
Актерот од „30 Rock“ Алек Болдвин негираше дека воопшто го повлекол чкрапалото, велејќи дека му било кажано да го впери пиштолот кон камерата.
Кривичниот случај против актерот во фаталното пукање на сетот на неговиот филм „Рѓа“ од 2021 година заврши во понеделникот, кога обвинителот ја повлече жалбата за отфрлање на случајот.
Специјалната обвинителка Кари Морисеј ја повлече жалбата, соопшти канцеларијата на обвинителството.
Адвокатите на Болдвин, Лук Никас и Алекс Спиро, изјавија дека „денешната одлука за повлекување на жалбата е конечна потврда на она што Алек Болдвин и неговите адвокати го зборуваа од почетокот - се случила страшна трагедија, но актерот не сторил кривично дело".
Судијата во Ново Мексико ги отфрли обвиненијата за убиство од небрежност против Болдвин во јули, согласувајќи се со адвокатите на актерот дека обвинителите и канцеларијата на шерифот прикриле докази за тоа како куршумот што ја уби директорката на фотографија Халина Хачинс на сетот во 2021 година завршил во пиштолот.
Хачинс беше убиена кога Болдвин, вперувајќи пиштол во неа за време на снимањето на филмски сет, испука куршум. Пиштолот ненамерно бил наполнет со боева муниција од Хана Гутиерез, која била задолжена за оружјето на сетот, а во март беше обвинета за убиство од небрежност, а еден месец подоцна беше осудена.
Актерот од „30 Rock“ негираше дека воопшто го повлекол чкрапалото, велејќи дека му било кажано да го впери пиштолот кон камерата.
Сепак, ФБИ и независен експерт за оружје откриле дека пиштолот не би пукал без да го повлече чкрапалото.
Фото: Youtube - screenshoot