Пресврт! Таксистот кој синоќа ги возел Меган и Хари откри што навистина се случило - Нови детали
Веста дека Меган Маркл и принцот Хари за малку ќе доживеале
сообраќајна несреќа синоќа по доделувањето на наградата „Women of vision“ во
Њујорк бидејќи ги бркале папараците денеска крена голема прашина и британски
„Дејли мејл“ пишуваше, но и
американскиот „Пипл“, “НБЦ
њуз“ и многу други. Сепак, „Вашингтон пост“ ја пренесува изјавата на таксистот
кој ја возел славната двојка и неговите зборови ја менуваат приказната.
Принцот Хари, Меган Маркл и нејзината мајка Дорија Рагланд се соочија со потера која имаше речиси катастрофални последици, поради агресивните папараци, објави портпаролот на војвотката и војводата од Сасекс.
Портпаролот на Њујоршката полиција рече дека двојката пристигнала на својата дестинација безбедно без никакви судири или повреди. Таксистот кој ја превезувал двојката, на дел од патот, откако тие присуствувале на настанот, во интервју за „Вашингтон пост“ изјавил дека инцидентот нема да го нарече потера, додавајќи дека се чувствувал безбедно додека возел.
Од друга страна, портпаролот на Меган Маркл и принцот Хари го изјави следново во е-пошта испратена до „Вашингтон пост“: „Оваа немилосрдна потрага, која траеше повеќе од два часа, резултираше со речиси повеќекратни судири во кои учествуваа други возачи во сообраќајот, пешаци и њујоршки полицаец“.
Таа додаде: „Да се биде јавна личност генерира одреден јавен интерес, но тоа никогаш не треба да ја загрози нечија безбедност. Ширењето на овие фотографии, со оглед на начините на кои се добиени, поттикнува многу наметлива практика која е опасна за сите актери.“.
Таксистот Сухарн Саин рече дека ги собрал Меган и Хари во Њујорк во вторникот вечерта и ги возел кратко време, при што изгледало дека ги следеле други возила.
Тој додаде дека добро познатиот пар бил придружуван од една постара жена (мајката на Меган Маркл) и телохранител, возењето започнало околу 23 часот, пред 19-тата станица на полициската управа во Њујорк на улицата Источна 67-ма. Според неговите зборови, телохранителот му замавнал и го запрел. Тој ги возел блок и половина западно до Парк Авенија пред да продолжи на југ. Откри дека ги бркале две возила, црна Хонда Акорд и постара сива Хонда ЦР-В.
„Тие продолжија да нѐ следат и се приближија до автомобилот. Фотографираа кога застанавме и нѐ снимаа“, рече тој.
Овој таксист, кој како дете се преселил од Индија во Америка, од Меган Маркл, Хари и другите што ги возел добил впечаток дека папараците веќе ги бркале пред да влезат во неговиот автомобил. По неколку минути телохранителот се погрижил за фотографите и го замолил да се врати во полициската станица. Телохранителот мислел дека се премногу изложени и не сакал возењето да трае подолго.
Возилото се свртело кон север на авенијата Медисон, таксистот ги возел до почетната точка. Тој проценил дека возењето траело околу 10 минути.
„Мислам дека тоа не би го нарекол потера. Никогаш не се чувствував како да сум во опасност. Не беше како бркање со автомобил во филм. Тие беа тивки и изгледаа исплашени, но ова е Њујорк - безбедно е“, истакна тој.
Њујоршката полиција денеска соопшти дека полицајците му помогнале на приватното обезбедување кое претходната вечер ги штитеше Меган Маркл и принцот Хари.
„Имаше голем број фотографи кои го направија нивниот превоз предизвик“, рече портпаролот на њујоршката полиција Џулијан Филипс, истакнувајќи: „Војводата и војвотката од Сасекс пристигнаа на нивната дестинација и немаше пријавени судири, повици, повреди или апсења“.
Фото: Youtube - screenhsoot