Претставени специјални патики за во зима
Овие патики ќе бидат подобри од чизмите што ги носите ...
Празничната понуда се состои од патики Sk8-Hi MTE 2.0 DX и UltraRange XSO Hi MTE кои се опремени да одбиваат влага и да ја задржуваат топлината.
Силуетата Sk8-Hi е омилена кај многумина затоа што е опремена со армирани врвови, јазичиња и ѓон отпорен на зимско време. Засиленото гумено капаче на прстите има и поголема издржливост, заедно со технологијата за греење MTE 360 која ги одржува стапалата топли и суви. Ѓонот е специјално создаден за да создаде максимално триење, дури и на мраз.
UltaRange XSO Hi MTE се направени со уште подобро задржување на топлината и целосно спречуваат влага, така што може да се носат на пешачење и скијање. Парот доаѓа и со слој за задржување на топлина, како и специјални чорапи кои ја имаат истата улога.
Овие патики наскоро ќе бидат достапни во продавниците на Венс, а потоа ќе се знае и нивната цена.