Превентива и третман на уринарни инфекции со пробиотици и Д маноза
Уринарните инфекции се манифестираат како воспаление на: уретрата (уретритис) , мочниот меур (цистит), и на бубрегот (пиелонефритис).
На секој човек во одрeден период од животот може да му се случи појава на уринарна инфекција, а одредени состојби и болести како дијабетес, мултипла склероза и Паркинсонова болест може да бидат ризик фактори за појава на вакви инфекции. Најчест предизвикувач на уринарни инфекции е бактеријата Escherichiacoli која живее во гастроинтестиналниот тракт. Други бактерии кои предизвикуваат инфекција се стафилококи, протеус, клебсиела, ентерокок и псеудомонас. Одредени инфекции на мочниот меур може да бидат поврзани и со предизвикувачите на сексуално преносливите болести хламидија и микоплазма. Уринарните инфекции на мочните канали и на мочниот меур се непријатна и болна појава која многу почесто ги засега жените. Ако циститисот не се лечи соодветно Е.coli преку мочоводот може стигне до бубрегот и да предизвика воспаление на бубрезите (пиелонефритис). Се смета дека секоја петта жена се соочува со уринарна инфекција во одреден период од својот живот. Главната причина за тоа е женската анатомија, односно малото растојание помеѓу аналниот отвор и уретрата, коешто го олеснува преминувањето на бактерии (најчесто Escherichiacoli) кон уринарниот тракт. Исто така, кај жените мочниот канал е многу пократок за разлика од мажите.
Најчести симптоми на инфекција на мочните канали се:
- Болка при мокрење кое оди доста тешко (честопати пациентите велат „само неколку капки“).
- Печење при мокрење, неколку капки крв се појавуваат на крајот на мокрењето.
- Болка или грчеви во долниот дел на стомакот веднаш над срамната коска.
- Температурата на телото обично не е покачена, и ако е, обично не надминува 37,5 ˚C.
- При преглед на пациентот најчесто има само блага чувствителност во долниот дел на абдоменот и тоа во централниот дел
- Течење на урина (уринарна инконтиненција)
- Болка или чувство на печење дури и кога не мокрите
- Матна, темна моч, понекогаш дури со боја која потсетува на млеко
- Јак или непријатен мирис на урината
- Се чувствувате болно, исцрпено или имате треска
- Болка за време на сексуален однос
- Болка во пенисот (кај мажи)
Симптомите на уринарна инфекција кај децата се слични:
·Температура без респираторни симптоми кај доенчиња, детето е иритабилно и општата состојба е афектирана.
·Слабо напредување во телесна тежина, повраќање, често плачење или слаб апетит кај доенчето.
· Симптомите кај постари деца вклучуваат често мокрење, новозапочната енуреза, дизурија и стомачна болка по празнење на меурот.
·Родителот забележува дека урината мириса непријатно
Со оглед на тоа дека рецидивот на уринарните инфекции е честа појава, а нивниот несоодветен третман може да предизвика сериози компликации на уринарниот систем, превенцијата е од клучно значење и за децата и за возрасните. Добрата вест е што тоа можеме да го направиме со потполно природни препарати и честопати да ги избегнеме антибиотиците.
Д-Маноза - број 1 природен агенс во третманот на уринарни инфекции
Д-маноза е едноставна молекула на шеќер што се среќава во растенија како што се боровинки, брусници, праски, портокали и јаболка, и кој 30 години се користи како природен препарат за отстранување на E.Coli од уринарниот тракт. Токму благодарение на Д-манозата, брусницата е ефикасна во лекувањето на уринарни инфекции. Оваа состојка сега е извлечена од растенијата и во доза од 2 грама (во додатокот во исхрана UriRoyal) е доволна да со E.coli бактериите формира коагрегати кои потоа се ослободуваат од телото со мокрење. Ефектот на Д-маноза е 10 до 50 пати посилен од сок од брусница. Д-манозатае апсолутно безопасна и може да ја користат бремените жени, децата и дијабетичарите. Овој ефект уште повеќе се засилува и се надополнува со пробиотската габа Saccharomyces boulardii. Таа директно го инхибира растот на патогените и ја зголемува концентрацијата на IgA (противвоспалително дејство). Таа има леплива надворешна обвивка на која се прикачуваат E.Coli бактериите и на тој начин помага да се отстрани од телото. Со неутрализирање на E.coli во цревата, ја намалува популацијата на таа бактерија во телото и го спречува нејзиното ширење во уринарниот тракт. Препорачана доза на Д-Маноза е 2 гр. на ден да се испие со чаша вода,најмалку седум дена по ред.
М-р.Фарм. Соња Пецевска