Придружете се на младинско движење за интернет без омраза

УНИЦЕФ и Фондацијата Телеком за Македонија ги повикуваат децата и младите да станат дел од заедничка кампања против онлајн врсничко насилство и говор на омраза
Детскиот фонд на Обединетите нации (УНИЦЕФ) и Фондацијата Телеком за Македонија објавија отворен повик преку кој се покануваат деца и млади на возраст од 14 до 17 години да се придружат на двегодишната програма против онлајн врсничко насилство и говор на омраза.
Под слоганот „Блокни го хејтот“, програмата претставува продолжение на долгогодишното партнерство помеѓу УНИЦЕФ и Фондацијата Телеком за Македонија преку кое се обезбедува помош на децата и на младите за да се справат со некои од најголемите предизвици на нивната генерација.
Иницијативата ќе опфати 50 деца и млади од целата земја. Тие ќе имаат можност да станат дел од трансформативна програма којашто ќе им овозможи да се здобијат со вештини и да ја градат својата отпорност, ќе им даде простор креативно да се изразат и насоки како да инспирираат други. Преку програмата и со поддршка од ментори и психолози, учесниците ќе осмислат иновативна кампања против омразата на интернет.
Оваа двегодишна програма ќе се спроведува во партнерство со Сојузот на извидници на Македонија и ќе опфати повеќе обуки, работилници и состаноци од кои дел ќе се одржат во Извидничкиот центар во Охрид.
Кој може да се пријави?
•Секој на возраст од 14 до 17 години од целата земја
•Секој што ќе се посвети на програмата до крај и ќе учествува во активностите што ќе следат
Како може да се пријавите?
Заинтересираните учесници треба да ја пополнат апликацијата на следниот линк.
Рок за пријавување: 27 април, 2025.
Целта на партнерството е да се создаде движење за интернет без онлајн врсничко насилство и говор на омраза преку едукација, ко-креација и конкретни акции што ќе ги спроведуваат деца и млади како застапници коишто ќе инспирираат и други да се приклучат и да го прошират движењето низ целата земја.
Фондација Телеком за Македонија
FoundationTelekomforMacedonia@telekom.mk
ПР објава