Прифати да тестираат чипови на неговата кожа: Си ги вгради клучевите од станот и автомобилот, а ова е неговото искуство (ВИДЕО)
Ова ли е иднината на човештвото?
Американец, сопственик на автомобил Tesla, неодамна се одлучил на необичен потег - го вградил клучот од автомобилот под кожата.
Брендон Делали објави видео на социјалните мрежи на кое се гледа како му го вградија чипот во десната рака, а потоа го користи за да го отклучи возилото, и покажа како изгледала оваа необична процедура.
- Сега го користам како клуч кога ќе ми се скрши Bluetooth dongle или немам картичка - напиша Делали.
Овој малку бизарен чин е овозможен со чип кој работи на истиот принцип како и бесконтактните платежни картички, а Делали е дел од групата од 100 луѓе кои сè уште ги тестираат овие чипови, пред да бидат достапни за пошироката јавност.
- Компанијата што го состави ова буквално има своја продавница за апликации каде што можете безжично да инсталирате апликации во вашето тело користејќи ги овие чипови. А една од апликациите е клучната картичка на Tesla. Тоа беше првата апликација што ја инсталирав бидејќи имам Tesla - рече тој.
Сопствениците на Tesla кои не се подготвени за вакви радикални потези, нормално ги отвораат возилата користејќи клучна картичка или апликација на нивниот мобилен телефон, меѓутоа, Делали, кој е голем љубител на технологијата, вели дека веќе има чип во левата рака што ги содржи „клучевите“ од неговата куќа, неговата контакт картичка и потврда за вакцинација против корона вирусот.
@elonmusk
— Brandon Dalaly (@BrandonDalaly) August 16, 2022
Finally decided to take my phone key issues in to my own hands... literally. Tesla key chip implant. pic.twitter.com/RVK8ZaePoI
- Целата идеја беше да го имам клучот од куќата во левата рака, а клучот од автомобилот во десната - рече тој.
извор:srbijadanas