Здравје // Совети
Принцот Алберт од Монако позитивен на коронавирусот
(Си-Ен-Ен) Принцот Алберт Втори од Монако е позитивен за коронавирусот, изјави портпарол на палатата во градот-држава.
Статусот на здравјето на владетелот „воопшто не е загрижувачки“, се додава во соопштението на палатата. Принцот Алберт беше тестиран за „Ковид-19“ претходно оваа недела.
62-годишниот принц продолжува да работи од канцеларијата во неговите приватни соби и останува во контакт со членовите на неговиот кабинет и владата.
Принцот е шеф на државата Монако и е едеб од најбогатите аристократи на светот.