Живот // Живот
Принцот Хари е прогласен за најсекси маж во светот со сина крв: Меган сигурно е пресреќна
Има нешто во него!!!
Читателите на списанието „Пипл“ го прогласија принцот Хари за најсекси член на кралското семејство во светот од сите кралски семејства.
36-годишниот војвода од Сасекс, оженет со поранешната актерка Меган Маркл, остави зад себе жестока конкуренција - неговиот постар брат Вилијам и многу други принцови.
Меѓу финалистите на натпреварот организиран од американското списание, беа и шведскиот принц Карл Филип, принцот Феликс од Луксембург, како и принцот од Брунеи.
Принцот Хари веќе беше победник на истото списание, но во втората категорија, кога минатата година беше прогласен за најсекси татко на светот, оставајќи зад себе многу славни мажи.