Принцот Вилијам не можеше повеќе да издржи: Покажа дека е само човек од крв и месо

Принцот Вилијам признава дека годината му била „страшнo“  тешка.

Принцот Вилијам изјави дека оваа година е веројатно „најтешката“ во неговиот живот, бидејќи на неговиот татко, кралот Чарлс, му бил дијагностициран рак, како и на неговата сопруга Кејт Мидлтон, ова принцот го откри во интервју за британските медиуми.

„Се обидувате да задржите сè на своето место и да совладате сè, навистина е тешко“, рекол принцот.

Кралот Чарлс, кому во февруари му беше дијагностициран рак, неодамна отпатува во Австралија и Самоа, додека Кејт, која беше подложена на превентивна хемотерапија, ја опиша претходната година како „исклучително тешка“ за семејството.

„Многу сум горд на мојата сопруга и татко ми за начинот на кој тие се справија со сето тоа, но од лична гледна точка, како семејство, тоа беше брутално“, рече Вилијам, додавајќи дека Кејт сега е „навистина добро“.

Фото: Принтскрин/ Јутјуб
Извор: Еspreso.co.rs