Природни зелени површини кои не бараат одржување
Да се донесе природата во затворен простор и со тоа дополнително да внесете живост, радост и позитивна енергија е навистина нешто посебно
Честото одење во природа не релаксира, го зголемува нашиот имунолошки систем и креативност. Ни открива нешто ново, предизвикува чуда и го буди позитивното во нас. Според студијата објавена во американскиот магазин „Личноста и социјалната психологија”, само со четири дена поминати во природа, далеку од електронските уреди, може да се зголеми креативноста за дури 50%.
Благодарение на новите технологии, инспирирани од големата љубов кон природата и сè што таа ни дава, денес многу лесно можеме нашиот дом или канцеларија да ги трансформираме и во нив да внесеме декоративни зелени елементи-ѕидни облоги од исклучиво природни материјали (природен мов и растенија) кои ќе донесат хармонија и позитивна енергија во просторот, раскажува Васил Филипов одFlower City, додавајќи дека кај нас се зголемува изведбата на зелени ѕидови во деловни простории, но и во приватни станови и куќи.
„Зелените ѕидови" се еколошки производ кој обезбедува дел од природата во бетонски и железни структури. Зелени површини направени од природни стабилизирани растенија, што подразбира аплициран мов, бршлени, листови, папрат и цвеќиња на дрвени панели, кои можат да се постават на било кое место во просторот. Декоративни растенија (100% природни, но не живи) кои се долготрајни, кои не бараат одржување, нахранување, наводнување ниту пак светлина. Иновативен и единствен производ од својот вид, во форма на вертикални градини, врамени дизајни, топки, бонсаи дрва и растенија, кои го одземаат здивот.
Станува збор за природни растенија третирани со биоразградлива формула, кои што овозможуваат зеленило онаму каде што малиот простор или пак условите не овозможуваат градина и зеленило. Треба само да се внимава да не се изложуваат на сончева светлина, ниту пак да се инсталираат над радијатори, ниту пак под клима уреди.
Предности на зелените градини:
-го разубавуваат просторот
-нема потреба од одржување, освен повремено чистење на прашина
-не одземаат од просторот
-не бараат знаење за нивно одржување
-имаат гаранција од 5 години
-поднесуваат големи осцилации во температурата
-нема потреба да се плашите дека не овенат
Изложеноста на зелени декорации го зголемува и имунитетот за околу 50%. Ако сакате зеленило, во простор каде ни кактуси не успеваат, тогаш ова е вистинското решение за вас. повеќе инфо на https://flowercity.mk/.