Приватно здравствено осигурување како совршен осмомартовски подарок

Меѓународниот ден на жената, 8 Март е само еден од деновите во годината кога на жените во вашиот живот треба да им изразите внимание и да им покажете колку се грижите за нив. Од вашата мајка, до сопругата и најдобрата пријателка, има толку многу неверојатни жени во вашиот живот кои заслужуваат совршен подарок. Излезете од стереотипите на подарување за Денот на жената и размислете за несекојдневен подарок што покажува дека се грижите за нивното здравје и иднина. Подарете полисата за приватно здравствено осигурување, којашто може да биде одличен начин на припадничките на понежниот пол да им се обезбеди пристап до најдобрата можна здравствена заштита кога им е најпотребна.

Приватното здравствено осигурување нуди низа бенефиции за жените, вклучувајќи пристап до специјалисти, пократко време на чекање за термини и процедури, како и покривање за широк опсег на услуги. Ова може да биде посебно важно за жените кои можеби ќе треба редовно да посетуваат одредени специјалисти. Приватното здравствено осигурување покрива и многу превентивни услуги, како што се мамографи и ПАП тестови, што се клучни во раното откривање на потенцијалните здравствени проблеми.

Здравственото осигурување на Кроација е комбинација на сигурност и брзина, и најважно е дека обезбедува превентивна грижа за сите осигуреници. Токму овие специјалистички прегледи се клучни за грижата за здравјето. Доброволното здравствено осигурување е идеално решение бидејќи обезбедува поголеми права и подобра услуга во однос на задолжителното здравствено осигурување. Овој тип осигурување е наменето за секој што сака повисок стандард на здравствена заштита и претставува додаток на основната здравствена заштита гарантирана со Законот за задолжителното здравствено осигурување.

Пакетите за доброволно здравствено осигурување CROCARE што ги нуди Кроација обезбедуваат брза и лесно достапна медицинска услуга. Тоа значи директно одење на лекар, без бескрајни редици и губење време. Заедно со удобноста и квалитетот на здравствената услуга, посебна предност е обезбедената поддршка во текот на лекувањето и директно плаќање во болниците, коишто се дел од партнерската мрежа.

Постојат неколку CROCARE пакети, што вклучуваат различно ниво на медицинска заштита почнувајќи од 500 денари месечно. Почетните пакети CROCARE lite и CROCARE lite+ вклучуваат болничко лекување и лекување од малигни заболувања, додека основниот пакет CROCARE, како дополна на почетните пакети нуди и специјалистички прегледи во сегментот на превентивната нега. Пакетот CROCARE+ како дополнување на основниот пакет овозможува и комплексна дијагностика, додека CROCARE flexy како дополнување на основниот пакет ги покрива трошоците за набавка на лекови, како и за физикална терапија.

CROCARE осигурувањето е без сопствено учество во штетата, односно 100 проценти ги покрива трошоците за здравствените услуги, кои директно се плаќаат во болниците преку сопствениот Контакт-центар на Кроација. Притоа секој осигуреник, преку својот личен профил на „Моја Кроација“, може  онлајн да пријавува и да ја следи секоја штета. Ова осигурување обезбедува и територијално покритие за операции и за болничко лекување низ цела Европа.

ПР објава