Пробајте го: Дали сте слушнале за „правилото од шест минути“ во сексот?

Новите истражувања покажаа дека не само што кулминацијата е важна кога се води љубов, важна е и предиграта.

Поточно, повеќето луѓе признале дека копнеат по малку акција пред и после водење љубов, а постои и т.н. магичен број за максимално задоволство - бројот шест.

Тоа е „шестминутното правило“, според странско истражување за секс и образование.

Во ова истражување беа опфатени 1.500 Канаѓани на возраст меѓу 18 и 24 години и се покажа дека оние кои минале шест или повеќе минути на предигра, односно допирање, бакнување и гушкање пред да водат љубов, биле многу среќни со нивниот сексуален живот.

Но, интересно е што дури и повеќе испитаници (56% од мажите и 55% од жените) се позадоволни од сексуалниот живот ако потрошиле повеќе време на предигра.

После секс ние сме ранливи, се чувствуваме опуштено, се чувствуваме навистина поврзани, па ова е совршено време за интимност што може да доведе до поголемо сексуално задоволство - објасни Робин Милхаузен, професор по сексуалност на Универзитетот во Гелп.

Иако мажите исто така признаваат дека се позадоволни ако се придржуваат кон правилото од шест минути, студијата откри дека тие би достигнале оргазам и без тоа, додека повеќето жени (61%) не би го достигнале врвот.

- Овие податоци покажуваат дека на луѓето им е потребно да почувствуват дека нивното тело се почитува, особено после сексот и дека постои взаемно пријатно искуство и за двете лица - Индија Лојст, сексуален педагог.

Ова е причината зошто експертите се согласуваат, да го продолжите сексуалното задоволство минимум шест минути на почетокот и минимум шест минути на крајот, бидејќи може да резултира во поголемо задоволство, без оглед колку долго сте во врска со партнерот.