Пробиотици - природен избор за спречување на инфективни заболувања
Климатските и температурни промени кои ни ги носи зимата како годишно време претставуваат едни од најважните фактори за појава на инфективни заболувања во тој период. Честите настинки, грипот и другите инфекции на респираторниот систем ги погодуваат сите старосни групи и предизвикуваат проблеми во сите сфери од секојдневниот живот. Меѓу другото, за децата тоа значи изгубени училишни денови, а за возрасните исто така отсуство од работа и неможност за извршување на професионалните обврски. Да не ги заборавиме и највозрасните кои можеби се најпогодени, бидејќи со бројот на годините расте ризикот за појава на разни здравствени проблеми.
Затоа не е залудна и има голема вистина во изреката - „Подобро да се спречи отколку да се лечи“. Со други зборови, треба да обрнеме внимание и да се грижиме за нашиот имунитет додека сме здрави. Општо е познато дека некои витамини и минерали имаат директна улога во поттикнувањети и одржувањето на одбранбените процеси во организмот. Toa пред се се однесува на витаминот Ц и Цинкот кои организмот не ги создава и мора да се внесуваат преку исхраната во доволни количини.
Но, поновите истражувања покажуваат дека всушност клучниот фактор за нашиот имунитет се токму пробиотиците. Тие т.н добри бактерии живеат во нашиот дигестивен систем и се одговорни за нормално одвивање на метаболитичките процеси т.е варењето на храната. Одамна се знае дека нарушувањето на нивната рамнотежа доведува до дигестивни проблеми како дијареа, надуеност, гасови, опстипација итн. Меѓутоа, нивната улога во имунолошкиот систем е докажана дури неодамна и таа подразбира нивно директно учество во процесот на изградба на антителата кои се носители на имунолошкиот одговор.
Од многуте пробиотски култури кои го населуваат нашето тело најзначајни се пред се неколку чија улога е и најмногу испитана (L. acidophilus , B. animalis ssp. lactis , L. casei). За жал мал е бројот на хранливи намирници кои содржат пробиотици, но за среќа денес постојат препарати (додатоци во исхрана) кои се комбинација токму од овие пробиотски култури.
Наведените пробиотски бактерии, покрај корисниот ефект врз цревната микрофлора, ја засилуваат нашата природна одбрана и помага во борбата против инфекции.Така стимулиран имунолошкиот систем спречува влез на патогени и вируси во клетките и настанување на инфекција. Значително е намален ризикот пред се на респираторни и дигестивни инфекции. Наведените пробиотици се одликуваат со голема стабилност и способност за преживување на нискиот pH (кисела средина) кој владее во гастроинтестиналниот тракт.
Суплементацијата на организмот со пробиотици е уште покорисна во комбинација со витамин Ц и Цинк. И двете состојки се значајни за производство на антитела и се составен дел од структурата и процесите на B и Т лимфоцитите. Дневните потреби на еден здрав организам од витамин Ц изнесуваат 75 – 100 мг, а на Цинкот околу 10 мг. Ваквата комбинација од три природни компоненти може да се каже дека е комплетна и нуди сигурно засилување на имунолошкиот систем. Особено е препорачлива за време на есенско-зимскиот период, кај лица со зголемен физички и психички стрес, стари лица, спортисти, адолесценти, вегетаријанци како и имуно компромитирани особи (ХПВ инфекции, дијабетичари итн.)
М-р по фармација Емад Канан
* ПР - објава