Пробиотици – неизбежни во секоја патна аптека
Kонечно одите за заслужен годишен одмор, а тоа што не ви треба е дијареа која ќе го уништи уживањето. Добрата вест? Носењето со себе добар пробиотик може да биде клуч за запирање на патничка дијареа пред да почне. Што е тоа патничка дијареа? Гастроинтестинална инфекција која се јавува за време на патувањето што резултира со водена столица (дијареа). Симптомите обично траат до четири дена, но околу 10% од пациентите може да продолжат да имаат проблеми една недела или повеќе. Во потешки случаи инфекцијата може да предизвика дизентерија – честа и крвава дијареа во комбинација со треска и акутна абдоминална болка – која ако не се лекува, резултира со екстремна дехидрација со потенцијално опасни по живот компликации.
Бактериската инфекција е одговорна за најмалку 80% од проценетите 10 милиони случаи кои се развиваат секоја година. Примарниот виновник е E. coli, кој се наоѓа во контаминирана храна и вода. Инфекциите од E. coli и други бактериски патогени како C. jejuni и Salmonella секако можат да се појават во развиените земји, но ризикот за патничка дијареа е највисок на Блискиот Исток, Африка, Мексико, Централна и Јужна Америка и поголемиот дел од Азија. Овие области генерално имаат поголеми популации, без пристап до водовод, така што постои поголема преваленца на контаминација на околината од отворена канализација. Слабите ладилници од несоодветниот електричен капацитет и недостатокот на пристап до чиста вода создаваат небезбедни практики за подготовка и чување храна. За третирање на бактериска инфекција се користат антибиотици кои се ефикасни, но имаат доста несакани ефекти.Повеќето антибиотици неселективно убиваат добри бактерии заедно со лошите, предизвикувајќи дисбаланс во цревната флора. Со подемот на бактерии отпорни на антибиотици, предизвикани од прекумерната употреба на антибиотици во медицината, подобар пристап е да се заштитите себеси првично од патничка дијареа. Со зголемување на концентацијата на добрите бактерии кои природно живеат во вашиот гастроинтестинален тракт ќе направите големи чекори во спречувањето на патничка дијареа. Механизмот на дејство на пробиотиците се базира на зголемување на имунитетот и подобра дигестија.
Нема сомневање дека надополнувањето на изгубените течности и електролити е од клучно значење кога е во прашање дијареа. Но, во смисла на превенција, мета-анализа од 12 студии спроведена во периодот од 1977 до 2005 година покажа дека „85% случаите на патничка дијареа биле спречени од пробиотици“. Пробиотиците делуваат без нарушување на цревната флора, Со други зборови, пробиотиците не се ефикасни само за спречување на патничка дијареа, но нудат помалку потенцијални несакани ефекти од другите методи. Како да се одбере правилниот пробиотик?
Пожелно е додатокот во исхрана да има комбинација од неколку видови од Lactobacillus и Bifidobacterium. Колку е поголема разновидноста на пробиотиците, толку е поголем ефектот. Гастрорезистентна капсула која ги штити пробиотиците стомачна киселина. Ова, исто така, ја намалува потребата за ладење. Пребиотик како инулин за да ги нахрани добрите бактерии за оптимална поддршка. Започнете да ги земате пробиотиците 3-5 дена пред да патувате, продолжите во текот на одморот, и продолжете 3-5 дена по враќањето дома.
Не е можно целосно да се избегнат факторите на ризик за патничка дијареа, но следење на некои основни правила можат да помогнат: често миење на раце, избегнување на улични продавачи, термички необработено месо, риба и живина, нетретирана вода (вклучувајќи и коцки за мраз) и храна која е на отворено подолго време. СРЕЌЕН ПАТ!
Д-р Ирена Вељковиќ – специјалист по општа медицина
Пр објава