Пробиотици при инфекции на уво
Отитис медиа претставува инфекција на средното уво, која предизвикува инфламација (црвенило и оток). Отитис медиа може да се јави кај секој но, сепак децата кои се помеѓу шест и петнаесет месеци се најчесто подложни. Се проценува дека секое четврто дете развива барем еднаш отитис медиа до својата десета година. Во повеќето случаи симптомите се развиваат брзо и се намалуваат за неколку дена. Ова е познато како акутен отитис медиа. Главните симптоми вклучуваат болка во увото, висока температура, омалаксаност, а можен е и слаб губиток на слухот. Кога причинител за ушната инфекција е вирус, единствените лекови кои се препорачани се аналгетиците. Доколку е потребна антибиотска терапија, прв лек од избор е амоксицилин. Доколку пациентот е алергичен на амоксицилин, се препорачува друг бета лактамски антибиотик. Многу често, односно кај 5 до 25 проценти од возрасните пациентите и 11 до 40 проценти кај децата кои се на терапија со антибиотици се јавува дијареа како несакан ефект. Дијареата педизвикана од антибиотик најчесто почнува една недела откако ке се почне со терапијата, но во некои случаи таа се јавува и после неколку денови или недели откако ќе заврши антибиотската терапија. Многубројни студии покажуваат дека земањето на пробиотик за време на антибиотска терапија може да превенира дијареа.
Иако на почеток се јавува како несакан ефект, во некои случаи може да се развие во хронична или перзистентна дијареа. Се смета дека 25 проценти од случаите на дијареа е предизвикана од Clostridium difficile. Овој патоген може да предизвика колитис, честа компликација од антибиотска терапија. Пробиотиците, познати како корисни бактерии помагаат во обновувањето на нормалната цревна микрофлора. Механизмот на којшто делуваат пробиотиците е зголемување на епителната бариера, зголемена атхезија на интестиналната мукоза, и истовремена инхибиција на патогени микроорганизми, продукција на антимикробни супстанци и модулација на имуниот систем. Три типа на пробиотици, се покажало дека се најефикасни во третирање на дијареата предизвикана од Clostridium, Saccharomyces boulardii, Lactobacillus rhamnosus GG, и комбинираните пробиотици.
Д-р Зоран Максимовиќ, специјалист по оториноларингологија
* ПР - објава